|
Во склоп на АСУЦ „Боро Петрушевски“ – Скопје, работи Центарот за хомологација на возила сместен во склоп на техничкиот преглед на АСУЦ. Центарот располага со добро обучен стручен кадар и современ простор за квали-тетно и брзо извршување на работите од областа на хомологациските проверки на возила. Хомологација на единечно возило Хомологација на единечно возило се спроведува за возилата за кои типот не е одобрен во согласност со хармонизираните прописи за ЕУ одобрување на тип, ниту постои одобрение на типот во Република Македонија. За овие возила доколку има обезбедена документација за исполнување на техничките барања, може да се спроведе Хомологација односно постапка за оцена на сообразноста на возилото. Со постапката „оцена на сообразност на возило“, се утврдува неговата сообразност со техничките барања кои се на сила во Република Македионија.
Во постапката за оцена на сообразност подносителот на барањето за оцена на сообразност доставува:
1. Барање за отпочнување на постапка за оцена на сообразност,
2. Фотокопија од претходна сообраќајна дозвола со оригинал за увид (за возилата што претходно биле регистрирани) и
3. Потврда за исполнување на техничките барања, која може да биде издадена од: производителот или застапникот во Р.М. или од независна институција која ќе биде прифатена од Органот за одобрување, односно технички карактеристики и список на одобренија доделени за возилото, неговите системи, самостојните технички единици и составните делови.
4. За возилата од увоз доказ за регулирани царински обврски.
5. Предметното возило
Постапката на оцена на сообразност не се извршува за возила, врз кои дополнително била извршена промена, која:
- ги опфаќа податоците кои се евидентираат во постапката за регистрација на возилото; - бара промена на категоријата на возилото; - влијае на одобрените составни делови, самостојните технички единици и опремата на возилата, односно на исполнетоста на одделните технички барања и - влијае или може да влијае на безбедноста на возилото.
При позитивно завршена постапка за оцена на сообразност, клиентот добива документ Согласност за регистрација потребен при регистрација на возилото.
|