|
|
|
|
| 2C | 8C | 9C |
| Сре | Чет | Пет |
Дејности
| Општо |
|
|
|
|
Станица за технички преглед на моторни возила Станицата за технички преглед на моторни возила која функционира во рамките на АСУЦ е една од најмодерните во земјата. Располага со современи дијагностички апарати и уреди за утврдување на техничката состојба на моторните возила. Станицата работи секој ден од 07:00 до 19:00 часот, а во саботите од 07:00 до 12:30 часот. Сите клиентите се љубезно прифатени од персоналот, а во станицата работат и референти од МВР во две смени задолжени за издавање на сообраќајни дозволи и регистарски таблички. Во близина на станицата има брокерски друштва и осигурителни компании кај кои можете да го осигурате Вашето возило, да направите каско или да извадите зелен картон. Додека се подготвуваат документите и додека се врши техничкиот преглед од страна на контролорите, вие можете да погледате рекреативна програма на ИНФО системот на АСУЦ. Во склоп на техничкиот преглед добивате и БЕСПЛАТНО поправање на ситни недостатоци кои се откриени за време на прегледот во нашиот автосервис - работилница, како и бесплатно ставање на нови таблици за возилото. Во истo време добивате и БЕСПЛАТНО комплетно миење на Вашето возило. По регистрирањето Ви се доделува и картонче со 20% попуст на услуги за поправка на возило во работилницата во текот на целата година како и 3 БЕСПЛАТНИ технички прегледи на возилото во текот на целата година. |
















